МАШКА МЕНОПАУЗА

Машката менопауза или андропауза е поврзана со возраста, а се должи на падот на тестостеронот.

        Д-р Ванче Какашевски

         Специјалист по гинекологија и акушерство

 

 

 

Сите имаме слушнато и знаеме за женската менопауза повеќе или помалку. Но многумина немаат слушнато дека постои и машка менопауза, термин кој се почесто се користи, а означува комплексна интеракција меѓу стареењето и хормоналните промени, здравствените состојби, начин на живот и други фактори. 

Почнува по 45-50 година, а се интензивира после 60 година. Една од последиците на машката менопауза е пад на либидото (желбата) и потенцијата (способноста), односно намалување на сексуалната активност причина поради која некои пациенти собираат храброст и ми се обраќаат за совет, во отсуство на специјализирани стручни лица. Машката менопауза или андропауза е поврзана со возраста, а се должи на падот на тестостеронот. Меѓутоа за разлика од жените овој процес кај мажите е постепен, кај некои е слабо изразен но кај некои предизвикува значителни симптоми. 

   -Физички симптоми: отсуство на енергија (замор и исцрпеност), намалена мускулна маса и сила (губитокот на мускулната маса е 1-1.5% годишно), зголемување на телесната маст особено околу појасот, остеопороза, намалена кондиција, промени на кожата, истенчување и губеење на косата, несоница, намалена сексуална желба и интерес, еректилна дисфункција (потешкотии при ерекцијата) 

 -Психолошки и емоционални симптоми: проблеми како депресија и недостаток на мотивација, раздразливост и нервоза, проблеми со концентрацијата и меморијата 

-Сексуални проблеми: намалени утрински ерекции кои се индикатор за нивото на тестостеронот, намалена сексуална активност и задоволство. 

Како да си помогнеме ако се најдеме во ваква состојба: лабораторските испитувања покажуваат пад на тестостеронот, па во развиените земји се попопуларна е тестостеронската терапија во вид на инекции, лепенки и гелови. Меѓутоа постои природен начин за ублажување на симптомите, а тоа е промена во животниот стил, здрава исхрана, редовна физичка активност и справување со стресот.  

Пушењето и алкохолот негативно влијаат на нивото на тестостеронот. Исто така и некои болести како радијација и хемотерапија ги нагласуваат симптомите на машката менопауза. 

Да заклучиме, здрави животни навики се вистински избор за правилен третман за оваа состојба. 

Сподели на Facebook и Twitter