ПОСТПОРОДИЛНА ДЕПРЕСИЈА

Не само кај депресивните, туку и кај здравите родилки потребна е пофалба од околината, разбирање,поддршка и убав збор, како кај младите мајки би се зацврстила самодовербата со што полесно би се надминал овој за нив специфичен период.  

 

        Д-р Ванче Какашевски

         Специјалист по гинекологија и акушерство

 

 

Депресијата како болест е во постојан пораст меѓу популацијата и е во петте болести кои најчесто го онеспособуваат, хендикепираат човекот во извршување на своите обврски, односно го инвалидизира.  

Од депресија не се поштедени и жените, особено во периодот кога се најсензитивни, а тоа се периодот на бременост, после породување и во перименопауза.  

10-12% од породените жени манифестираат депресивно поведение.  

Постои еден термин познат како ,,бејби блуз“ односно постнатална тага, кој ќе го искусат поголемиот дел од родилките, а е сосем ралнична состојба од постнаталната депресија. Се манифестира преку раздразливост, плачливост, нарушување на сонот… 

Но битната разлика е што мајката во постаналната тага може да се грижи за бебето, до дека депресивната мајка не може.  

Главна причина за поспородилната тага е осцилацијата на хормоните. Во бременоста е еден хормонален статус, по породувањето е друг, а младите мајки се неискусни, најчесто прворотки. Ваквата состојба обично трае 2-4 недели.  

Симптоми кои укажуваат на постпородилна депресија се: 

-значителен пад на расположението 

-чувство на тага, очај, беспомошност… 

-страв поврзан со сопственото здравје, страв за бебето, немир 

-интензивна несоница 

-неспособност да се грижи за потомокот-ако земе замав може да биде проследено со налудничави идеи 

-во некои случаи мајката може да биде и агресивна со бебето и да го повреди 

Меѓу главните причини за појава на постпородилна депресија се: 

-биохемиски и психолошки промени, минати депресивни епизоди 

-малолетни мајки, повозрасни мајки, несакана бременост, самохрани мајки, семејни ситуации, минати трауматски случки со семејно насилство… 

Да направиме разлика, секое живо суштество може да биде во лошо расположение во тек на денот. Кај родилките тоа може да е предизвикано од според нив лошиот физички изглед и можното губење на убавината по породувањето, но тоа не е болест. 

Депресијата е растројство со симптомите кои ги спомнав погоре. 

Фактор број еден во справувањето со депресијата е подршката од околината, како и препознавање на истата, како навремено би побарале совет и терапија од стручни за оваа болест лица, односно психијатрите.  

Психијатрите не секогаш прибегнуваат на медикаментозен третман, односно полесните форми на депресија ги третираат со психолошки третмани, а кај умерените и тешки форми се вклучува и медикаментозна терапија.  

Да нагласам за крај!  

Не само кај депресивните, туку и кај здравите родилки потребна е пофалба од околината, разбирање,поддршка и убав збор, како кај младите мајки би се зацврстила самодовербата како родител, со што полесно би се надминал овој за нив специфичен период.  

Сподели на Facebook и Twitter