Практични совети за здравјето од д-р Емилија Милановска

  Со доаѓање на летото и високите температури, многу често може да се јави сезонско афективно нарушување- летна депресија

Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор

          ЛЕТНА ДЕПРЕСИЈА 

   (Сезонско афективно нарушување во лето) 

   Со доаѓање на летото и високите температури, многу често може да се јави сезонско афективно нарушување – летна депресија. 

Таа појава е многу зачестена а се манифестира така што лицето чувствува пад на енергијата, недостаток на волја, лошо расположение, иритабилност, дури и помала потреба за било каков контакт со други лица, пореметување на спиењето-несоница. 

   Кои се причините за појавата на летната депресија со сигурност не се знае, но се претпоставува дека има промена во излачувањето на одредени невротрансмитери како сератонинот и мелатонинот ( научно е докажано дека ниското ниво на сератонин предизвикува депресија) 

   Симптоми кои се поврзуваат со летна депресија се: 

– раздразливост 

– недостаток на мотивација 

– недостаток на сон – тешко се заспива 

– изолација, прекинување на социјалните контакти 

 – недостаток на енергија 

  Ако ви се појават некои од овие симптоми, веднаш јавете се на вашиот матичен доктор кој ќе ве упати кај стручно лице за помош-психијатар.   

  Како сами да си помогнете: 

1. Треба да се воспостави хигиена ( режим ) на спиење. 

Спиењето да се организира во слично време и да се избегнува дремење во текот на денот. 

2. Излезете на сонце. Доволно е само 30 минути во денот за да го надополните витаминот Д. Секогаш предходно нанесувајте крема за сончање  со висок заштитен фактор.  

3. Внимавајте што јадете. Здрава, редовна и разновидна исхрана, богата со витамини и минерали, житарици, позитивно ќе влијае на чувството на замор. 

4. Јавете се на вашиот матичен доктор кој ќе ве испрати на психијатар и ќе ви помогне со совети како побргу да излезете од оваа состојба. 

5. Наместо да седите дома затворени и да губите време на Инстаграм или Фејсбук и да мислите на туѓите идеални животи, најдете време да се релаксирате и ослободите од непотребниот стрес. 

Уживајте во летото, сонцето, надополнете го витаминот Д , кој ќе го зголеми производството на сератонин и тогаш летото ќе биде прекрасно и ќе уживате во неговите убавини.  

Сподели на Facebook и Twitter