Практични совети за здравјето од д-р Емилија Милановска

Ако главоболката е честа и слабо поминува со аналгетици, задолжително посетете го вашиот матичен лекар. 

Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор

 

            Г Л А В О Б О Л К А 

 

 Главоболката е една од 10те најчести причини поради која пациентите одат на посета кај матичен лекар. 

 Главболката претставува акутна или хронична болка во пределот на главата и еден од најчестите симптоми и најчеста болка која луѓето ја чувствуваат. 

 Таа се појавува од различни причини: 

– недостаток на кислород во мозокот 

– стеснување на крвните садови на главата и вратот 

– недостаток на гликоза (кога сме гладни) 

– вкочанетост на мускули на главата и вратот 

– воспаление на синусите 

– хормонални пореметувања 

– повреди на главата , мозочен удар , тумори и др. 

 Главоболката луѓето различно ја опишуваат: 

– чувство на тапа болка 

– притисок во главта 

– удирање 

– пулсирање 

– печење или ,,матна глава” 

 Може да биде: 

– дифузна (кога не боли цела глава) 

– локализирана (кога не боли само еден дел од главата) 

 Главоболката во текот на животот се јавува како симптом на: 

– замор 

– стрес 

– недоволна количина на сон 

– прекумерно конзумирање на алкохол или цигари 

– предменструален синдром 

– кај настинка , воспаление на ушите , забите и непцата  

 Интересен е фактот дека главоболката може да се јави и како несакан ефект од прекумерно користење на лекови против болка. 

 Главоболките се делат на: 

– примарни 

– тензиона главоболка 

– мигрена 

– секундарни 

– предизвикани од повреди во предел на глава и врат 

– инфекции (менингити) 

– други заболувања 

Најчеста е тензионата главоболка. Ја зафаќа цела глава, а е последица на замор, недостаток на сон, глад, емотивен стрес, нервоза, прекумерна активност. 

Мигрената зафаќа само една страна од главата. Почесто се јавува кај жените. 

 Главоболката не треба да се толерира, треба да се ублажи.Лековите за ублажување на главоболката се викаат аналгетици. 

Прв лек на избор е парацетамол, може да се примени и ацетил салицилна киселина (аспирин, андол), ибупруфен и други лекови. 

Аналгетиците треба да се земаат со претпазливост и по совет на лекар затоа што прекумерното земање може да ја влоши главоболката. 

 Совети за ублажување на главоболката: 

– намалете го прекумерното конзумирање на кафе и цигари 

– наспијте се добро 

– редовно јадете 

– пијте повеќе вода 

– релаксирајте се 

– правете вежби за истегнување на рамената и вратот 

 Секако ако главоболката е честа и слабо поминува со аналгетици, задолжително посетете го вашиот матичен лекар. 

Сподели на Facebook и Twitter