Практични совети за здравјето од д-р Емилија Милановска

Треба са се консумира риба барем два пати неделно, да се користи пилешко и телешко месо, повеќе јогурт, кисело млеко, црн р’жан леб , а внесувајте и повеќе овошје. 

Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор

 

          ХОЛЕСТЕРОЛ И ТРИГЛИЦЕРИДИ 

Холестеролот и триглицеридите се масти ( липиди ) кои се дел од човековиот организам и се неопходни за негово нормално функционирање. 

Холестеролот е супстанца која што е неопходна за животот. Се произведува во црниот дроб, но го внесуваме и преку храната од животинско потекло. Тој е составен дел на мембраните и сите клетки и ткива на оранизмот, од хормоните за раст, развој и репродукција, како и од жолчните киселини неопходни за варење на мастите од храната, а неопходен е и за синтеза на витаминот Д, кој има многу важни улоги во организмот. 

Триглицеридите се масти кои ги има во храната која секојдневно ја внесуваме. Тие обезбедуваат енергија, но исто така ја складираат енергијата во вид на резерва. 

Холестеролот и триглицеридите во нормални вредности се корисни, но стануваат штетни ако достигнат повисока концентрација во крвта. Нивното покачено ниво не дава симптоми, па затоа треба редовно да се контролира со земање на крв. 

Покаченото ниво на холестерол и триглицериди доведува до атеросклероза ( таложење на масти на ѕидовите на крвните садови и нивно стеснување ).Тоа доведува до зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања, како што се покачениот крвен притисок, исхемичните болести на срцето ( ангина пекторис, инфаркти ), мозочни удари и др. 

Причини за појава на зголемено ниво на холестерол и триглицериди се во начинот на исхрана, стилот на живеење и наследниот фактор. Внесувањето на повеќе калории отколку што се трошат и тоа во вид на слатки, тестенини, премногу заситени масти во исхраната ( свинско, јагнешко месо ), алкохол. Физичката неактивност е ризик фактор кој доведува до недоволно трошење на внесените калории. Психичкиот стрес исто така води кон покачено ниво на холестерол бидејки се покачува нивото на хормони за стрес, а за нив е потребно повеќе холестерол.   

Кога веќе се пронајдени поголеми вредности на холестерол и триглицериди, потребно е да се превземат мерки за нивно намалување.  

Ако вредностите не се многу високи потребно е да се проба со природни решенија за нивно намалување. 

Тука пред се е редовната но умерена физичка активност. 

Со промената на животниот стил и прехрамбените навики миже да се намалат липидите и да се успори процесот на атеросклероза.  

Треба са се консумира риба барем два пати неделно, да се користи пилешко и телешко месо, повеќе јогурт, кисело млеко, црн р’жан леб , а внесувајте и повеќе овошје.  

Ако овие промени во вашиот живот не доведат до намалување и одржување на нормални вредности на холестерол и триглицериди тогаш покрај нив ќе треба да се јавите на вашиот матичен лекар за да ви препише терапија која ќе треба да ја пиете редовно и многу долго, како би се превенирала атеросклерозата и зголемениот ризик од кардиоваскуларни болести. 

Сподели на Facebook и Twitter