Практични совети за здравјето од д-р Емилија Милановска

Поради честотата на бенигна хиперплазија на простатата се препорачуваат скрининг испотувања на секој маж над 50 години барем еднаш годишно кај матичен лекар или уролог. 

Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор

 

БЕНИГНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОСТАТАТА 

(Бенигна хиперплазија на простата- БПХ ) 

Простатата е мала жлезда со облик и големина на орев што се развива само кај мажите. Таа е дел од репродуктивниот систем на мажите. Лоцирана е под мочниот меур и е во непосредна близина на аналниот отвор. 

Кај 50% од мажите над 50 години доаѓа до зголемување на простатата. 

Бенигна хиперплазија на простатата претставува прекумерно зголемување на поедини клеточни елементи на истата.  

Во процесот на создавање на БПХ освен хормонските фактори се вклучени и факторот на стареење, наследни, стил на живеење и работа, како долго седење, консумирање на алкохол и газирани пијалоци, дебелина, физичка неактивност и др. 

Со својот раст простатата не предизвикува стеснување на мочниот канал, туку го подига и го прави ригиден вратот на мочниот меур при што се јавуваат следниве симптоми: 

-отежнато мокрење 

-испрекинато мокрење 

-одложен почеток на мокрењето 

-слабеење и удвоеност на млазот на урината 

-истекување на урината во капки 

-непотполно празнење на мочниот меур 

-некогаш потполна опструкција и неможност за мокрење 

-зачестено ноќно мокрење 

Поради честотата на бенигна хиперплазија на простатата се препорачуваат скрининг испотувања на секој маж над 50 години барем еднаш годишно кај матичен лекар или уролог. 

При тие испитувања, кои не се инвазивни се прави: 

– ехотомографски преглед со димензии на простатата 

-испитување на простатичен антиген- ПСА 

-кај уролог- ректално туше ( преглед на простатата преку анусот) 

Лекувањето на бенигното зголемување на простатата е со: 

– медикаментозна терапија- лекови 

-со промена на стилот на живеење и исхрана 

-со хируршка интервенција 

Последиците од нелекувана бенигна простатична хиперплазија можат да бидат: 

-неопходност од носење на стален уринарен катетар  

-создавање на каменчиња во мочниот меур 

-инфекции 

– крварење 

-поврат на урината во мочниот меур и кон бубрезите со евентуално нивно оштетување и инсуфисиенција 

Сподели на Facebook и Twitter