Практични совети за здравјето од д-р Емилија Милановска

Од исклучителна важност е да се промени начинот на живот, со зголемување на физичката активност, умерена и правилна исхрана и редовни прегледи кај матичен лекар.  

Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор

 

АНГИНА ПЕКТОРИС 

Ангина пекторис е градна болка која е предизвикана од недостаток на крв ( исхемија), а со тоа и недоволен доток на кислород во срцевиот мускул, најчесто поради обструкција ( затнување ) или спазам на срцевите крвни садови ( коронарните артерии ). 

Обструкцијата на крвните садови најчесто е резултат на таложењето на масти ( холестерол ), што доведува до стеснување на крвниот сад и намалување на дотурот на крв во срцето.  

Ангина пекторис се јавува прогресивно, поради делумна обструкција за разлика од миокардитниот инфаркт и е резултат на влошување на срцевите артерии со текот на годините. Не предизвикува трајно оштетување на срцето. 

Во зависност од тоа дали се јавува за време на напор или не, постои стабилна и нестабилна ангина пекторис. 

Стабилна ангина пекторис : 

Кога болката се јавува само за време на поголем напор ( вежбање, стрес, пообилен оброк ), тогаш срцето има поголема потреба од крв, па се манифестира самата ангина. Почеста е кај мажите. 

Фактори на ризик се: пушење, висики вредности на холестерол, покачен крвен притисок, дијабет, зголемена телесна тежина, физичка неактивност… 

Се мнифестира со болка или непријатност во градите, болката може да се шири кон рамото, раката, вилицата и често се опишува како стегање, притискање, гушење, болка. Вообичаено болката трае од 1 до 15 минути. Таа обично престанува по одмор, или со ставање на таблета Нитроглицерин под јазикот. 

Нестабилна ангина пекторис : 

Болката е иста како и кај стабилната ангина, но се јавува и во мирување, не е предизвикана од никаков напор или стрес и може да биде со посилен интензитет.  

Ризик факторите се исти како и кај стабилната ангина.  

Болката ако се појави по напор и не поминува со одмор, потребни се повеќе таблети Нитроглицерин.  

Ангина пекторис е сериозна состојба која бара задолжителен преглед кај доктор. Занемарена ангина пекторис може да се комплицира со миокарден инфаркт.  

Матичниот доктор ќе ве упати кај интернист кардиолог, каде ќе се направат дополнителни испитувања ( стрес тест, лабораторија, коронарографија ) и во зависност од резултатите ќе се одреди терапија, која може да биде медикаментозна, со лекови, или евентуално ставање на стентови или бајпас.  

Од исклучителна важност е да се промени начинот на живот, со зголемување на физичката активност, умерена и правилна исхрана и редовни прегледи кај матичен лекар.  

Сподели на Facebook и Twitter