Практични совети за здравјето од д-р Емилија Милановска

Од исклучителна важност е да се знае како да му се помогне на болниот при појава на напад. 

Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор

ЕПИЛЕПСИЈА 

Епилепсијата е хронично невролошко заболување кое се карактеризира со спонтани, повторувачки епилептични напади. 

Епилептичните напади може да се јават кај болни од епилесија, но понекогаш и кај лица кои немаат епилепсија, од некоја друга причина, како некои метаболни пореметувања, токсични фактори, инфекции, покачена температура (фебрилност), при апстиненцијален алкохолен синдром, повреди при трауми и др. 

Епилептичните напади се јавуваат како последица на пренадрзливост на клетките на мозочната кора, невроните и синхроно испраќање на електрични импулси, од различни причини кои доведуваат до појава на епилептични напади.  

Епилептичниот напад понекогаш е пропратен со симптоми кои се знак за предупредување дека ќе дојде до напад и тој период се вика аура. Најчести симптоми се преосетливост на светлина, напад на паника, дезориентираност…ваквата аура лицата со епилепсија ја препознаваат и алармираат за да се сместат на сигурно место, како при самиот напад не би дошло до повреда од самиот пад. 

Постојат неколку типа на епилептички напади: 

– парцијален напад – каде не доаѓа до губење на свеста и се карактеризира со неконтролирано движење на едната рака, нога или некој друг дел на телото,пореметување на слухот,видот или говорот. 

– генерализиран напад (gran-mal), кој што е најсилен, класичен, се манифестира со губиток на свеста, кочење и грчење на мускулите на рацете, нозете и целото тело, може да дојде до прегризување на јазикот и несакано мокрење.Болниот добива сина боја на лицето, а по престанување на грчевите настанува пократок или подолг период на поспаност и конфузност. 

– постојат таканаречени absans (petit-mal) напади, карактеристични за детската возраст и се манифестираат со краткотраен прекин на активноста, детето се загледува во празно и сл. 

– треба да се спомнат фебрилните конвулзии (напади) кои се јавуваат само во детската возраст до 6-7 години при покачена температура. 

Дијагнозата се поставува со одредени испитувања: 

ЕЕГ, магнетна резонанца, компјутерска томографија, лабораториски анализи, психолошки тестирања. 

Терапијата на епилепсијата е со лекови што ќе ги препише специјалист невролог по направените испитувања, водење на здрав начин на живот со одмор, избегнување на стресови, умерена физичка активност, лесна исхрана без прејадување, со многу свежо овошје и зеленчук. Во исклучителни ситуации со оперативен зафат ако се рабити за тумор или некоја повреда на мозокот. 

Од исклучителна важност е да се знае како да му се помогне на болниот при појава на напад. 

Еве неколку совети: 

– постои погрешно мислење дека лицето при напад дека ќе си го голтне јазикот и ќе се задуши.Потребно е само главата да се свтри на страна во странична положба, без притоа да се брка во устата и да се обидувате да му ја отворите вилицата , може да ви ги прегриза прстите, да му се повредат усните или да му се скрши заб. 

– целото тело исто така се става во странична положба 

– од околината отстранете ги острите и тврди предмети за да не се повреди додека трае нападот кој спонтано поминува за неколку минути.  

Сподели на Facebook и Twitter