Практични совети за здравјето од д-р Емилија Милановска

Кога нејзината нормална функција ќе се промени, односно ќе почне да произведува помалку или повеќе хормони отколку што е потребно, тогаш се појавуваат симптомите. 

Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор

                        ТИРОИДНА ЖЛЕЗДА 

Тироидната жлезда е жлезда која има форма на пеперутка и е сместена во вратната регија. Произведува тироидни хормони Т3 и Т4 кои делуваат насекаде низ телото , особено на телесната температура, метаболизмот, срцевата акција. 

Кога нејзината нормална функција ќе се промени, односно ќе почне да произведува помалку или повеќе хормони отколку што е потребно, тогаш се појавуваат симптомите. 

Зголемената функција на тироидната жлезда предизвикува ХИПЕРТИРОИДИЗАМ, а намалената функција ХИПОТИРОИДИЗАМ. 

Симптоми на хипотиреоза се: 

-замор, запек, чувство на студ, нередовни менструации кај жените, магла во главата, сува кожа, зголемување на телесната тежина, чувство на депримираност, намалено либидо. 

Симптоми на хипертиреоза се: 

-Анксиозност, тремор, прескокнување на срцето, чувствителност на високи температури, потешкотии при спиење, губење на тежината, покачување на крвниот притисок.  

Ако сте забележале само еден од овие симптоми не мора да значи дека имате проблем со тироидната жлезда. 

Важно е да се каже да ако сте забележале повеќе од наведените симптоми, тогаш е време за посета на вашиот матичен доктор. 

Постојат многу причини за нарушување на функцијата на тироидната жлезда како: 

– генетска причина 

– автоимуно оштетување 

-бременост 

– акумулиран стрес 

– дефицит на нутритиенти во исхраната 

– токсични материи од средината 

Пеколните летни горештини исто така може да влијаат на пореметување на тироидната функција. 

Кај сите во лето се очекуваат пониски концентрации на ТСХ ( хормонот на тироидната жлезда кој ја поттикнува да произведува нејзини хормони), а повисоки на слободниот ФТ4. 

Летото е преубаво годишно време со високи температури, пријатни ноќи ( за посреќните), свеж морски воздух, време на традиционални годишни одмори, но и време кога најмногу треба да внимаваме на нашето здравје.  

  

Сподели на Facebook и Twitter