Практични совети за здравјето од д-р Емилија Милановска

Опстипацијата представува потполн престанок на празнење на дебелото црево, а со тоа е далеку поопасна и посериозна

Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор

 

              ЗАПЕК 

  (ОПСТИПАЦИЈА, КОНСТИПАЦИЈА)  

Констипацијата е релативно чест проблем кој се јавува лесно и релативно лесно поминува, со мали промени на животните навики.

Таа се манифестира во два облика: 

  • празнењето е поретко од вообичаено 
  • столицата е исклучително тврда, а со тоа и болна 

       Се јавуваат грчеви во долниот дел од стомакот и надувување. 

Опстипацијата представува потполн престанок на празнење на дебелото црево, а со тоа е далеку поопасна и посериозна.  Се јавуваат упорни грчеви и болка во стомакот, кркорење на цревата, надувување на стомакот, непријатен здив од устата. Ако опстипацијата потрае може да се појават мачнина и повраќање, дури и посериозни компликации. 

 Најчести причини за појава на запек се: 

  • недостаток на вода 
  • внесување на храна со малку растителни влакна 
  • внесување на големи количини млеко 
  • постари лица 
  • намалена физичка активност 
  • стрес 
  • прекумерно користење на лаксативи 
  • воспалителни болести на цревата 
  • хемороиди 

Симптоми на запек: 

  • помалку од 3 столици неделно 
  • оскудна, сува и тврда столица, често во облик на топчиња 
  • болка и грчење во стомакот и при вршење на нужда 
  • чувство на непотполно испразнето црево 
  • непријатност, надуеност, и чувство на полн ректум 
  • мачнина, повраќање, киселина 
  • замор 
  • Лекување на запекот: 
  • промена на исхраната и животните навики  
  • да се внесе исхрана богата со растителни влакна како што е овошје, зеленчук, житарици, суви сливи, семки, грав, леќа, слануток,  
  • да се намали внесот на сол, шеќер, месо и млечни производи 
  • да се зголеми внесот на течности, најмалку 2л дневно  
  • да се намали внесот на алкохол и кафе кои делуваат диуретски и ја исфрлаат водата од организмот 
  • внес на пробиотска храна (пробиотски јогурт) 
  • зголемена физичка активност 
  • да не се одложува нагонот на дефекација 
  • Постојат природни лаксативи: 

            – мелени семки од лен 

            – суви сливи и смокви 

            – семе од чиа 

  • медицински препарати во вид на таблети, чепчиња, чаеви 
Сподели на Facebook и Twitter