Практични совети за здравјето од д-р Емилија Милановска

Доволно е една отровна печурка да предизвика смртен исход. 

Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор

 

ТРУЕЊЕ СО ПЕЧУРКИ 

Печурките се многу вкусна храна и се користат секојдневно во нашата исхрана. Но, постојат бројни печурки кои се отровни, токсични, многу опасни па дури и смртоносни.  

Разликувањето на отровни од неотровни печурки во природата понекогаш е исклучително тешко дури и за врвни експерти и познавачи од оваа област. Многу од искусните собирачи се имаат затруено поради консумирање на токсични двојници печурки кои се речиси исти со неотровните во надворешниот изглед. Внимателните собирачи на печурки собираат само една врста и секогаш еден примерок оставаат во хартиена ќеса за евентуална подоцнежна идентификација, доколку се појават знаци и симптоми на труење.  

Клиничка слика: 

  • гастроинтестинални симптоми, кои се карактеризираат со обилни повраќања, стомачни грчеви и проливи со ризик од дехидратација 
  • невролошки симптоми, каде се јавуваат халуцинации, дезореинтираност, агитираност, конфузност, главоболка 
  • алергиски реакци при кои има појава на црвенило по кожата, чешање, тешкотии при дишењето 

Овие симптоми се јавуваат при труење со печурки со кус инкубационен период, најмногу во првите шест часа од консумирањето.  

Потенцијално смтроносни се труења со печурки со подолг инкубационен период, каде симптомите се јавуваат по 6-24 часа од нивното консумирање. 

Започнува со профузни повраќања, дијареја, грчеви и дехидратација, но многу бргу доаѓа и до оштетување на црниот дроб и бубрезите.  

Најопасно и често фатално е труењето со Amanita Philloides која содржи токсини аманити кои се термостабилни, односно со термичка обработка (варење, печење) не се уништуваат, во вода не се раствораат, а понекогаш опстојуваат и повеќе години во исушена, отровна печурка.  

Прва помош кај затруен со печурки е да се предизвика повраќање, кое ако веќе е појавено да не се спречува во првиот час. Да се започне со рехидратација и да се даде медицински јаглен.  

Препорака до граѓаните е да се консумираат комерцијално одгледани печурки, кои се продаваат , со сигурно потекло и од сигурен произведувач. 

Да се избегнува берење на диви печурки. 

Дури и отровните печурки се вкусни. 

Ако не сте сигурни дека печурката е безбедна за јадење, не јадете ја. 

Доволно е една отровна печурка да предизвика смртен исход. 

Сподели на Facebook и Twitter