Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор
УБОД ОД ОСА , ПЧЕЛА И СТРШЛЕН
Повеќето инсекти кои живеат во нашите простори немаат отров кој непосредно би го загрозил животот на човекот.Во зависност од локализацијата на убодот најчесто на местото се појавува оток (едем) , црвенило, болка, а подоцна и јадеж. Ако убодот е во пределот на вратот, лицето или ѓениталиите, отокот е поголем. Убод во внатрешноста на устата е со голем оток и евентуална обструкција на дишните патишта, што е сериозен проблем.
Особено опасна состојба може да настане по убод од инсект кај лица кои се алергични ( преосетливи) на таков убод. Кај нив и по убод на само еден инсект може да настане состојба наречена анафилактички шок кој може да биде и опасен по живот, а се манифестира со : појава на црвени печати ( уртики) по телото кои многу чешаат, оток на лицето и вратот, тешко дишење, грчеви во стомакот, повраќање, пролив, губиток на свест. Состојбата е исклучително сериозна и опасна по живот и ако бргу на се пружи соодветна медицинска помош може да заврши со смрт.
Како да реагираме:
-не треба да се допира и чеша самото место
-на него треба да се стави лед или да се пушти млаз со студена вода
-ако има да се намачка кортикостероидна крема
-ако се појават посериозни симптоми да се побара медицинска помош
– ако постои алергија на убод од инсект која е докажана, лицата треба да носат секогаш со себе сет за реакција на убод
ЗАКЛУЧОК :
– не секогаш е опасен убодот од инсект, освен кај лица кои се докажани како алергични на убод и ако местото на убодот е на лице, врат, или во внатрешноста на устата
– носете соодветна облека во природа и не предизвикувајте ги инсектите
-ако реакцијата по убодт е потешка, бргу побарајте медицинска помош