Практични совети за здравјето од д-р Емилија Милановска

На кои предупредувачки знаци треба да се внимава со високиот крвен притисок, пред да биде предоцна

Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор

 ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК 

На кои предупредувачки знаци треба да се внимава, пред да биде предоцна ! 

Покачениот крвен притисок (ХИПЕРТЕНЗИЈА) на почетокот нема никакви знаци па затоа се нарекува и ,,тивок убиец“.  

Но, постојат некои предупредувачки знаци  на кои треба да се обрати внимание. 

  1. Главоболка
  2. Замор и вртоглавица
  3. Болка во градите
  4. Пореметување на видот
  5. Отежнато дишење

Кај секоја личност со покачен крвен притисок може да се појават било кој од овие симптоми. 

Секоја вредност на крвниот притисок повисока од 140/90 треба да биде причина за загриженост и да побарате лекарска помош од вашиот матичен доктор. 

Единствен начин да откриете дали имате покачен крвен притисок е со негово редовно мерење. 

Постојат општи препораки до кои треба да се придржувате за вашиот животен стил да доведе до добра регулација на крвниот притисок: 

– престанок на пушењето 

– намалување на телесната тежина (и нејзина стабилизација)  

-намалување на прекумерниот внес на алкохол 

– физички вежби 

– намалување на внесот на сол 

– зголемување на внес на овошје и зеленчук , а намалување на внес на заситени и вкупни масти 

Третманот на покачениот крвен притисок е доживотен.  

Сподели на Facebook и Twitter