Практични совети за здравјето од д-р Емилија Милановска

Дијабетесот е хронично заболување на модерното време кое се манифестира со покачено ниво на гликоза во крвта

Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор

                           ДИЈАБЕТЕС МЕЛИТУС- ШЕЌЕРНА БОЛЕСТ  

Дијабетесот е хронично заболување кое се манифестира со покачено ниво на гликоза во крвта. 

Таа е болест на модерното време, широко распространета во целиот свет. 

Кои се фактори доведуваат до дијабетес мелитус тип 2 :  

– неправилна исхрана и зголемена телесна тежина 

 – неактивен животен стил – употреба на некои медикаменти (на пример стероиди) 

 – генетски фактори ( наследени предиспозиции од родителите)  

– возраста ( повозрасните од 45 години имаат поголем ризик) 

Дијабетесот е тивок, подмолен и често пати се открива дури кога се појавуваат компликациите. 

 Постојат предупредувачки симптоми кои најчесто се благи и тешки за препознавање : 

– глад и замор – мокрење повеќе од вообичаеното  

– хронична жед – сува уста и кожа 

– замаглен вид  

Типични симптоми на дијабетес тип 2 се:  

-чести и упорни габични инфекции  

– споро заздравување на рани  

– болки и чувство на вкочанетост во нозете и стапалата  

Треба веднаш да се јавите на доктор доколку : 

– се чувствувате слабо, малаксано  

– сте постојано жедни – ако имате сладок здив со мирис на ацетон 

– дишете многу длабоко и побрзо од вообичаено  

– имате силни болки во стомакот 

 Дијабетесот тип 2 се лекува со:  

– промена на начинот на живот  

– медикаменти ( лекови) – инсулин  

Добро регулиран дијабетес води во долг и квалитетен живот. 

Сподели на Facebook и Twitter