Препораки за подобрување на националната стратегија за превенција на сервикалниот карцином

За жал во моментот резултатите не се задоволителни и моето мислење е дека и понатаму интензивно треба да се подига свеста и здравствената култура на популацијата за значењето на скринингот на цервикалниот карцином, со апели, советувања и постојани предавања во смисла на едукација.  

 

        Д-р Ванче Какашевски

         Специјалист по гинекологија и акушерство

 

 

 

Причината зошто карциномот на грлото на матката е најчеста тема е тоа што овој карцином е еден од причинителите за најголема смртност кога станува збор за карциноми, а од друга страна со превенција и рано откривање може успешно да се излекува. Од оваа причина повторно ќе се навратам на оваа тема, користејќи некои препораки и статистики од поново време.  

Ова се некои од статистичките податоци: 

  • карциномот на грлото на матката е четврт најчест карцином кај жените 
  • во 2020 година на 600 000 жени во светот им бил дијагностициран овој карцином или 6,5% од сите карциноми кај жените 
  • претставува најчест тип на карцином кај жените со низок и среден приход, а тука секако спаѓаат и жените од југоисточна Европа и Македонија 
  • во 2020 година 340 000 жени починале од цервикален карцином, од кои 90% се од понеразвиените земји каде достапноста до превенција, скрининг и третмани се лимитирани 
  • жена кај која е дијагностициран овој карцином е со двапати поголема веројатност да почине во споредба со дијагностициран карцином на дојка 
  • според некои проекции, годишниот број на карцином на грлото на матката се очекува да биде во пораст, особено кај младите недоволно образовани жени од најсиромашните земји во светот 

Каква е состојбата со карциномот на грлото на матката во Македонија преку бројки за 2021 година: 

  • Од 87200 женска популација над 15 години имало 231 сличаи, од кои 59 пациентки починале 

Ризикот за развој на овој карцином е зголемен за 4-5 пати во последните 3 децении што се должи на промената на сексуалното однесување, последователната изложеност на ХПВ ( Хуман Папилома Вирус), поради недостаток на адекватен скрининг, а и ниската опфатност на вакцините , просечно околу 50%.  

Во историјата на медицината е забележано дека во 1928 година е објавено дека цервикалните брисеви детектираат карцином невидлив со око. 

Во 1988 година е докажано дека карциномот на грлото на матката е предизвикан од ХПВ . Во 2006 година ХПВ вакцината станува достапна.  

Во изминатиов век цервикалниот карцином продолжува со претставува глобален јавно здравствен проблем во неразвиените земји. 

Која е глобалната стратегија за елиминирање на цервикалниот карцином: 

Во научните кругови важи правилото 90-70-90, а се однесува на: 

  1.  90% од девојчињата до 15 години се опфатени со вакцинација со ХПВ вакцина 
  2.  70% од жените до 35 и повторно до 45 годишна возраст да бидат скринирани со тест со високи перформанси
  3. 90% од пациентките со потврден цервикални абнормалности да бидат соодветно третирани 

Препораките на СЗО околу превенцијата од цервикалниот карцином се: 

  • Воведување на ХПВ базиран скрининг, односно земјите да направат преместување на скрининг програмите од цитолошки скрининф (ПАП тест), кон ХПВ базиран тест -при кој се прави ХПВ типизација,( односно барање на ХПВ инфекцијата на грлото на матката). Ваквите тестирања се препорачуваат на 5 годишни интервали, а таму каде што нема услови , останува 3 годишен скрининг со ПАП тест, селективно повикување со покани од страна на матичните гинеколози, воведување на мобилни амбуланти и воведување на skrining.mk платформата за лично пријавување . 

За жал во моментот резултатите не се задоволителни и моето мислење е дека и понатаму интензивно треба да се подига свеста и здравствената култура на популацијата за значењето на скринингот на цервикалниот карцином, со апели, советувања и постојани предавања во смисла на едукација.  

Сподели на Facebook и Twitter