ПРЕРАН ПУБЕРТЕТ

Пубертетот претставува период од развојот на детето, во кој се довршува растот, а со половото созревање се стекнува способност за репродукција. 

        Д-р Ванче Какашевски

           Специјалист по гинекологија и акушерство

 

ПРЕРАН ПУБЕРТЕТ

Пубертетот претставува период од развојот на детето, во кој се довршува растот, а со половото созревање се стекнува способност за репродукција. 

Пубертетот започнува со пулсативно лачење на гонадотропин, кој преку хипофизата ги стимулира јајниците да лачат хормони кај девојчињата, односно тестисите кај момчињата. Периодот коа настапува пубертетот е 8-13 години кај девојчињата, просечната возраст е 11 години, а кај момчињата 9.5-13.5 години.  

Во продолжение акцент ќе ставам на пубертетото кај девојчињата. 

Знаци на отпочнување на пубертет се: 

  • Раст на дојките и срамните влакна 
  • Појава на менструација 
  • Појава на акни на кожата 
  • Забрзан раст. 

Појавата на било кој од овие знаци, а особено менстриацијата пред осмата година се смета за  РАН ПУБЕРТЕТ. 

Причините за оваа појава во најголем број случаи не можат да се утврдат, а во поретки случаеви тоа е поради хипотиреоза, тумор на мозокот, зрачења на мозокот како терапија, повреда на рбетото или мозокот, вродена хиперплазија на надбубрежната жлезда, цистит или тумор на јајникот, изложување на дејство на естрогени или тестостерон хормони преку креми или масти или преку исхраната ( во минатото се давале хормони на  живината и стоката за поголем прираст).  

Фактори на ризик: 

  •  девојчињата имаат поголем ризик за преран пубертет отколку момчињата.  
  • зголемената телесна тежина 
  • одредени медицински состојби и зрачна терапија
  • последица на прераниот пубертет е нискиот раст во споредба со врсниците, бидејќи како што спомнавме во пубертетот се довршува растењето, а од појавата на пубертет девојчињата можат да добијат уште 10% во растот, поретко и до 20%.  

       Друга честа појава е и  социоемоционални проблеми – малата возраст е проблем за свесноста на промените кои ги носи пубертетот . 

  Третманите при ваква состојба имаат за цел да се пролонгира растотот кај ваквите лица. Во случај на понормален раст, нема потреба од користење медикаменти.   

 Во секој случај, терапијата ќе ја одреди доктор кој ќе ги земе во предвид сите фактори поврзани со прераниот пубертет.  

 Што можат родителите да направат како превенирање од преран пубертет: 

  – одржување на здрава телесна тежина на детето преку умерена и здрава исхрана и физичка активност 

  – детето да не користи креми или друга козметика која содржат трагови од естроген и тестостерон 

  – да не користи суплименти во исхраната кои ги содржат овие хормони ( особено момчињата кои одат во теретана) 

Во секој случај, кај 2-3% од девојчињата кај кои се забележува преран пубертет, потребна е консултација со ендокринолог.  

Сподели на Facebook и Twitter