СПОРТСКИ ПОВРЕДИ

Спортувајте често, правилно, без преголеми оптеретувања и така чувајте го и унапредувајте го своето здравје. 

 

Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор

 

 

Од спортувањето нашето тело има огромна корист. Тоа е еден од најдобрите начини за унапредување на имуниот систем, одржување на убава фигура и подобра позиција на телото. Освен тоа занимавањето со спорт ја подобрува нашата психа и поттикнува лачење на ендофин– хормон на среќата. 

Иако е навистина корисно, спортувањето носи и одредени ризици, како на пример спортски повреди.  

Дали со спорт се занимавате професионално или рекреативно, спотските повреди се нешто со што е голема веројатноста да се сретнете, па затоа неопходно е да се запознаете со најчестите.  

Спортските повреди се повреди на мускулно- коскениот систем, кои настануваат при вежбање или занимавање со некоја спортска активност. 

Најчесто се јавуваат при недоволно загревање или изведување вежби, преголем напор, недоволен одмор или пак се нанесени од друг. 

Спортските повреди се делат на акутни и хронични.  

Акутните повреди настануваат при големо дејство од надворешна сила со што се создава механичко оштетување на ткивото. Најчесто се погодени меките ткива, како мускулите и лигаментите.  

Хроничните повреди често ги нарекуваме и повреди на оптеретување, а се последица на честа изложеност на голем напор. Најчести спортски повреди:  

  • истегнување на мускули 

Оваа повреда настанува при истегнување на мускулот над своите можности. Може да биде зафатен било кој мускул кој е ангажиран при вежбањето, но најчесто се јавува во лумбалниот дел на грбот, вратот, рамењата, и задната ложа на надколеницата.  

Ваквите повреди најчесто се од полесен карактер, поретко бараат лекарска помош и симптомите се губат по неколкудневен одмор, а поретко се посериозни па траат и по неколку месеци.  

По настанокот на повредата, потребно е ладење на повреденото место со што се намалуваат отокот и симптомите.  

дисторзија- ушинување на скочниот зглоб 

Оваа повреда настанува при спортување но и во секојдневниот живот. Претставува оштетување на мекото ткиво на зглобот и обично се настанува кога зглобот ненадејно ќе се најде во неправилна положба. Се јавува моментална силна болка, пропратена со звука на крцкање или пукање, брзо отекување на зглобот и неможност на застанување на него. И за оваа повреда важи советот што побргу да се стави мраз на повредениот зглоб. Се препорачува мирување, аналгетици за болката и масти за отокот. 

повреди на коленото 

И оваа повреда е една од најчестите. Коленото е еден од најсложените зглобови во човековиот организам , со многу лигаменти, менискуси, коскени делови.  

Најчесто настанува повреда на предните вкрстени лигаменти, која бара медицинска стручна помош и евентуална интервенција и подолго одсуство од спортските терени.  

Постојат и мнигу други чести спортски повреди како што е тенискиот лакт– при неправилни удари во тенисот или незагреаност пред почеток на играта.  

Исто така една од почестите повреди е руптура, кинење на Ахиловата тетива, која подолго време ги оддалешува спортистите од терените.  

Спортувајте често, правилно, без преголеми оптеретувања и така чувајте го и унапредувајте го своето здравје. 

 

Сподели на Facebook и Twitter