Д-р Ванче Какашевски
Специјалист по гинекологија и акушерство
В А Г И Н А Л Н О З Д Р А В Ј Е – С О В Е Т И
Интимната хигиена е услов за добра репродуктивна функција и здрав сексуален живот.
Вагиналната слузница како и секоја слузница лачи секрет, кој е забележлив, а од некои жени протолкуван како зголемен. Сепак нормално е да постои секрет.
Ако секретот има променета боја и миризба, ако има сувост, црвенило, чешање и болка се работи за нарушено вагинално здравје кога е неопходна посета и совет од доктор.
Совети за одржување на вагинална хигиена:
– избегнувајте груб или парфимиран сапун. Млака вода и благ или бебешки сапун или пак гелови за интимна нега се доволни.
– носете сува и памучна долна облека, после уринирање со тоалетна хартија упијте ги можните капки од урина, а може да се користат и дневни влошки кои имаат апсорптивно својство
– избегнувајте да носете тесна облека, кожни костими и влажни костими после капење
– практикувајте безбеден секс особено ако немате постојан партнер. Со користење на кондоми се заштитувате од ХП вирус, од други сексуално преносливи инфекции, а и од несакана бременост
– применувајте вистински начин на бришење на анусот (чмарот) од вагината кон назад, за да спречите бактериите да се пренесат во вагината
– пијте течности, да му дадете можност на телото да ги исфрла токсините и да ја одржува вагината чиста и здрава (зашекерените напитоци негативно влијаат на бактериската рамнотежа)
Ако имате некакви знаци на вагинална инфекција, секрет со непријатна миризба, болка, чешање, задолжително побарајте совет од вашиот гинеколог.