Народот без јазик е како патник кој го изгубил својот пат и не знае каде тргнал и каде ќе оди. Нашиот пат до се ова што го имаме денес, слободна земја со сопствен јазик, не бил ни малку лесен. Испреплетен со потешкотии и искушенија, но сепак пат, кој без оглед на неповолните околности решиле да го изодат до крај нашите народни херои. Нивниот македонски патриотизам ги победува сите странски пропаганди кои со години работеле да го уништат ова парче земја и македонскиот народ.И покрај сите препреки и искушенија што ги имале нашите херои успеале да дојдат до својот мајчин јазик без кој денес би биле никој и ништо,нашето постоење не би имало значење.Затоа денес во нашето училиште го одбележавме денот на мајчиниот јазик кој е значаен за сите нас.
Аница Бранкова