Сите ние во животот имаме жени кои најмногу ги сакаме – мајки, баби, тетки, стрини, вујни, пријателики, колешки, сопруги, девојки, сосетки… Денеска сме собрани тука токму поради жените.Овој ден е посебен ден,затоа е прогласен и за меѓународен. Ден кога е обележана борбата на жената за економска,политичка и социјална рамноправност со мажите. Првиот ден на жената е одбележан на 28 февруари во САД, далечната 1909година. По тој повод ние, учениците, го одбележивме празникот со кој ја почитуваме жената низ една кратка програма која во превод ќе значи Среќен празник за сите дами. Нашите другарчиња кои се дел од литературата секција ни прочитаа неколку мисли од познати мислители, со кои ќе ни ја докажат вредноста и големината на жената. А членовите на литературата секција ни покажаа како нашиот величествен Блаже Конески ги замислувал ,,Убавите жени на својот народ“. За крај ги почестивме со убави стихови и ликовни цртежи кои беа избрани како најдобри.
Ана Димитриевска, Мелани Добревска
Мелани Панова, Сара Јанева