Во организација на тимот Шепасти ентузијасти, активност како дел на ЦКА ПХВ мали проекти, подржани од Здружението за заштита и благосостојба на животните ВИТА МАКСИМА – Пробиштип, беше одржана едукативна работилница на тема ,, Култура на чување на домашни миленици“.
Низ разговор докторите по ветеринарна медицина ги информираа волонтерите на Црвен крст за сите аспекти на совесно и одговорно чување на домашен миленик. Се зборуваше за здравствената заштита и неопходноста од правилен вакцинален третман, заштита од внатрешни и надворешни паразити, а особен акцент беше ставен на стерилизацијата и кастрацијата како клучна алка во процесот на спречувањена појавата на бездомни животни.
Шепастите ентузијасти продолжуваат со активностите во рамките на проектот за заштита на уличните (напуштени) животни.
Марта Ташевска