Денес учениците од III одд. имаа можност да научат нешто повеќе за РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ОТПАДОЦИТЕ.
Наши гости презентери беа волонтерите на Црвен крст-Пробиштип.
Мелани Панова
По повод патрониот празник на ООУ ,,Свети Кирил и Методиј” од Свети Николе, беше распишан конкурс на тема ,,Свети Кирил и Методиј – духовни светилници во мугрите на писменоста словенска” .
Нашата ученичка Мелани Добревска од 8 -в одд, под менторство на наставничката по македонски јазик Маријана Ефремова- Кралевска го освои 3- место. Честитки за Мелани и уште многу награди во иднина.