Несекојдневен настан во ООУ ,, Никола Карев“ Пробиштип

Учениците од IVa одд. веќе втора година по ред организираат литературно - поетски конкурс со хуманитарна цел.

Ученичките од IVa одд. Каја Петковска, Нела Стојчевска, Лина Јовчевска и Мила Илиевска, самостојно, но со целосна подршшка на одделенската наставничка Даниела Стојановска, веќе втора година по ред организираат ликовно – литературен конкурс во кој се вклучени учениците од прво до петто одделение. Во исто време тече и донаторска акција на ниво на училиштето,а од прибраните средства се обезбедуваат наградите, а остатокот се донира во Црвен крст.

Оваа година имаше над 90 учесници на конкурсот , а со награди за цртеж се закитија:

Прво место – Максим Донев

Второ место- Јаков Јордановски

Трето место- Ангела Љубова

Пофалници добија Јана Радев и Марко Стојановски

Со награди за песна се закитија:

Прво место- Ведран Јоцевски

Второ Место- поет со шифра

Трето место- Анамарија Атанасова

Пофалници добија Лина Китановски, Христина Цанева и Дамјан Дончевски

Честитки за наградените сликари и поети !!!!

Со големо задоволство тимот на Пробиштип инфо присуствуваше на овој голем настан (кој ќе можете да го проследите ТУКА) , каде овие дечиња освен креативност покажаа и голема хуманост.

 

Сподели на Facebook и Twitter