Со дефиле на учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ низ улиците на Пробиштип, со знамињата на Република Северна Македонија и на Европската унија, Општина Пробиштип го одбележа Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот.
Дефилето заврши во центарот на градот каде на спомен бистата на борецот Јаким Стојковски положија свежо цвеќе, а за значајот на денот се прочита пригоден реферат.
Општина Пробиштип / ООУ „Браќа Миладиновци“ Пробиштип