Младински центар Пробиштип – ХАКАТОН НА ИДЕИ

На Хакатонот има пријавено 6 тимови (20 млади од Пробиштип) кои заедно со нивните ментори ќе работат на развивање на креативни идеи

Со задоволство  ве известиме дека нашиот претходно најавен хакатон на идеи ќе се одржи на 01.12.2023 (Петок) –02.12.2023 (Сабота).

На Хакатонот имаме пријавено 6 тимови (20 млади од Пробиштип) кои заедно со нивните ментори ќе работат на развивање на креативни идеи.

Оваа развивање на идеи и претставување на истите пред жири комисијата која ќе избере 3 најдобри идеи ќе има времетрање од 48 часа.

Со голема возбуда чекаме да ги проследиме идеите кои нашите млади ќе ги креираат за подобар Пробиштип.

Самата фасцилитација на овој настан ќе ја предводи Мартина Јачевска ( претседателка на ГРИТ) и Лорен нашата гостинка од САД која доаѓа од организацијата Colorado Young Leaders и заедно со Мартина го креираа овој проект за нашите млади.

Валентино Нанев – Младински центар 

Сподели на Facebook и Twitter