Одржана едукативна работилница на тема ,,Култура на чување на домашни миленици“

Низ разговор докторите по ветеринарна медицина ги информираа волонтерите на Црвен крст за сите аспекти на совесно и одговорно чување на домашен миленик

Во организација на тимот Шепасти ентузијасти, активност како дел на ЦКА ПХВ мали проекти, подржани од Здружението за заштита и благосостојба на животните ВИТА МАКСИМА – Пробиштип, беше одржана едукативна работилница на тема ,, Култура на чување на домашни миленици“.  

Низ разговор докторите по ветеринарна медицина ги информираа волонтерите на Црвен крст за сите аспекти на совесно и одговорно чување на домашен миленик. Се зборуваше за здравствената заштита и неопходноста од правилен вакцинален третман, заштита од внатрешни и надворешни паразити, а особен акцент беше ставен на стерилизацијата и кастрацијата како клучна алка во процесот на спречувањена појавата на бездомни животни. 

Шепастите ентузијасти продолжуваат со активностите во рамките на проектот за заштита на уличните (напуштени) животни. 

Марта Ташевска

 

 

Сподели на Facebook и Twitter