Работна средба на тема, трајно решавање на проблемот со бездомните животни

Само со тимска работа и со заедничко залагање, овој горлив проблем за нашиот град ќе биде минато- беше речено на средбата.

На покана на градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов, денес се одржа работна средба посветена на се’ посериозниот проблем со бездомните животни. Учество зедоа дел од основачите на Здружението за заштита и благосостојба на животните ,,ВИТА МАКСИМА- Пробиштип“, како и претставници на ветеринарната амбуланта ,,Милан – Вет“, Зоран Цанов и ветеринарната амбуланта ,,Вива – Вет 2014“, Сашо Панов. 

Средбата изобилувше со конструктивни идеи од сите присутни, кои претставуваат темел за понатамошна заедничка стратегија, со крајна цел Пробиштип да биде град без бездомни животни по улиците.  

Само со тимска работа и со заедничко залагање, овој горлив проблем за нашиот град ќе биде минато – беше речено на средбата.

Сподели на Facebook и Twitter