Волонтерството во Пробиштип

Црвен Крст е најголема волонтерска хуманитарна организација во светот! Околу 50тина млади од Општина Пробиштип волонтираат во Клуб на млади Општинска Организација Црвен Крст Пробиштип со што се активни граѓани на својата заедница и пример за своите врсници

Што значи да бидеш волонтер? Волонтерство е доброволно учество и делување во заедницата без финансиска награда или исплата. Луѓето кои се волонтери обично ги извршуваат своите активности поради желба да помагаат, да допринесуваат за заедницата, или да поддржуваат хуманитарни цели.

Црвен Крст е најголема волонтерска хуманитарна организација во светот! Околу 50тина млади од Општина Пробиштип волонтираат во Клуб на млади Општинска Организација Црвен Крст Пробиштип со што се активни граѓани на својата заедница и пример за своите врсници

Во изминатите неколку месеци направија огромен број на хумани дела и активности како обезбедување на училишен прибор за 22 ученици, собирање на голема сума на донации преку низа хумани акции за нашиот Кико, се натпреваруваа на државниот натпревар за прва помош, одбележаа ПХВ недела, отворија училишен клуб во Кратово, собраа донации за пакети со храна за загрозени семејства, одржаа едукации на сите ученици од 8мо одделение во Пробиштип и Кратово на тема Болести на зависности, делеа флаери за да се подигне свеста за опасноста од возење при конзумација на алкохол…

Моментално работат на креирање на годишна програма за работа за 2024 година, а добрата вест е тоа што можеш да се приклучиш во реализација на истата. Доколку имаш 14-29 години, немаш предрасуди а имаш желба да го промениш светот, ти си совршен кандидат за тимот на херои со црвена наметка. Заследи не на инстаграм на следниот профил :  https://instagram.com/crvenkrstprobistip?igshid=MTk0NTkyODZkYg== и очекувај повик за волонтери мноогу брзо!

Младински координатор на Клуб на млади ООЦК Пробиштип Ангела Георгиевска

 

Сподели на Facebook и Twitter