Најпрестижна награда за Ванеса Давиткова на меѓународниот конкурс за деца и млади

Да се каже честитка е само ритуал и формалност. Овие ученици заслужуваат многу повеќе од тоа. Продолжете да творите и да пишувате.

Минатата седмица се организираше литературен фестивал во поезија и проза, на кој учество зедоа ученици од ООУ,, Никола Карев “од Пробиштип. На овој меѓународен конкурс во организација на Милица Паулус и Светската поетска асоцијација едно основно училиште можеше да испрати најмногу 3 детски творби. Најголемата и најпрестижната награда ја доби Ванеса Давиткова.

Ања Алексовски  ll – место, Јован Младеновски lll – место и Теа Митева доби пофалница за учество.

Сите се ученици во 8 одделение.

Честики за учениците и нивната наставничка по македонски јазик Маријана Ефремова – Кралевска која рече: Да се каже честитка е само ритуал и формалност. Овие ученици заслужуваат многу повеќе од тоа. Продолжете да творите и да пишувате.

Браво за вас

Маријана Ефремова- Кралевска 

 

Сподели на Facebook и Twitter