Првачињата од ООУ „Никола Карев“ добија членски картички за во Градската библиотека, а дечињата од ЈОУ ДГ „ Гоце Делчев“ го посетија „Музејот за ретки минерали“

По повод „Детската недела“ бележиме активности на првачињата од ООУ „Никола Карев“ и дечињата од ЈОУ ДГ „Гоце Делчев“ Пробиштип

Денес во Дом на културата ,,Злетовски Рудар” Пробиштип имавме посета од првачињата од ООУ ,,Никола Карев” Пробиштип. 

Традиционално, за време на Детската недела сите првачиња добиваат бесплатна членска картичка за градската библиотека ,,Јане Сандански”. 

По посетата на библиотеката, првачињата ја посетија и изложбата на Акиме Насуфи Реџепи. 

Исто така по повод Детската недела, дечиња од ЈОУ ДГ ,,Гоце Делчев” Пробиштип беа во едукативна посета на Музејот за ретки минерали, а потоа ја посетија и изложбата на Акиме Насуфи Реџепи. 

Дом на култура „Злетовски рудар“ Пробиштип 

Сподели на Facebook и Twitter