Тим Сезнајковци: “ПРЕДИЗВИК ЗА ЧИТАЊЕ 15 МИНУТИ НА ДЕН “

Книгата ги учи децата да се оспособат самите да чекорат низ шумата наречена живот
Во рамки на активностите на Нансен интеркултурно образование ,,Nanasen Dialogue Centar” Скопје, денес бевме почестени со убав збор, мисла, разговор од страна на учениците од СОУ”Н.Н.БОРЧЕ” – Пробиштип, и нивната професорка по македонски јазик Елвира Јакимовска.Тие на учениците од ООУ „Никола Карев“ Пробиштип го презентираа проектот “ПРЕДИЗВИК ЗА ЧИТАЊЕ 15 МИНУТИ НА ДЕН “. Нашите ученици подобро се запознаа со суштината на читањето и неговата вредност, осознавајки дека читањето е еден важен елемент во развојот на една млада личност. Им благодариме на учениците од СОУ „Н.Н.Борче и професорката Елвира Јакимовска.
Андреа Стефановска
Сподели на Facebook и Twitter