Тим Сезнајковци: Дел од активностите на учениците од нашето училиште

Активности на ученици од ООУ „Никола Карев“ Пробиштип на неколку натпревари и други тековни активности

Државeн натпревар по географија за учебната 2022/2023 год. ( кој се одржа на 13.05.2023 год. ).

Како училиште горди сме на уште еден успех на наши ученици

Марко Гаврилов -9б одд. пофалница за учество и освоена прва награда

Јована Радева – 7а Потврда за учество

Честитки ученици, не правите гордо училиште со сите ваши постигнувања.

 

Во ООУ “Крсте Мисирков”- Куманово се одржа регионалниот натпревар по хемија.

Учениците од нашето училиште ги бележат следниве резултати:

Леон Донев 9б – трета награда

Андреј Гоцевски 9а – трета награда

Марко Гаврилов 9б – пофалница

Андреа Стојанова 8б – пофалница

Димитрија Нацев 8в – пофалница

Честитки за сите ученици.

 

На 27.05.2023 година во ООУ„Кочо Рацин“ – Прилеп, се одржа државен натпревар по Германски јазик.

Нашите ученици ги постигнаа следниве резултати:

Петар Митковски – 6в одд. – трето место

Ања Алексовски – 7а одд. – пофалница

Браво ученици уште многу успеси.

 

НАТПРЕВАР ВО РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА, организиран од страна на “Црвен Крст” – Пробиштип.

Како најдобри во овој натпевар се покажаа учениците од нашето училиште, односно VIIIв одд.

Браво за успехот, покажаната ангажираност и примерот што го дадовте за сите нас, како да ја одржуваме средината на живеење чиста, како со рециклирање добиваме други бенифиции.

 

Мелани Панова

Сподели на Facebook и Twitter