Успешно реализиран проектот „Секое животно заслужува втора шанса“

Несомнено е дека активностите од ваков вид создаваат идни хумани и општвствено одговорни личности со кои ќе се гордее не само Пробиштип туку и цела Македонија

Вчера, во рамките на манифестацијата „Зелникот на баба“, на воодушевување на присутните, беше поставен еден невообичаен штанд, кој се разликуваше од останатите. 

Продажниот штанд е дел од проектот „Секое животно заслужува втора шанса“, преку кој учениците од 9а одделение од ООУ „Никола Карев“- Пробиштип под менторство на нивниот одделенски раководител Александра Наунова, имаат за цел подигање на свеста за грижата и одговорноста за  милениците ( одговорно сопствеништво), како и прибирање на средства како помош за работењето на Здружението за заштита и благосостојба на животните „ВИТА МАКСИМА“ – Пробиштип.  

Проектот беше реализиран во неколку фази : 

-изработка на едукативно видео со трогателна приказна за напуштен миленик ( можете да го погледнете подолу)

-обраќање до општествено одговорни компании со апел за донација

-изработка на оригинални беџови со мотиви на животни

-подготовка и продажба на домашни колачи, кои беа тренд на манифестацијата

-видео материјал кој ја доловува атмосферта од вчерашниот настан

Овој проект на деветоодделенците и нивниот одделенски раководител Александра Науновска е еден од низата  општествено одговорни активности.  

Тие во изминатиов период беа во посета на Дневниот центар, каде заедно со штитениците изработуваа едукативни игри, се дружеа и се забавуваа. Имаа проект со повеќе активности насловен како „Крени глас против врсничкото насилство“, како и посета на Здружението на пензионерите по повод 8-ми Март, при која на членките им подарија рачно изработени подароци и ги израдуваа со литературно читање.  

Несомнено е дека активностите од ваков вид создаваат идни хумани и општвствено одговорни личности со кои ќе се гордее не само Пробиштип туку и цела Македонија.  

 

 

 

 

Сподели на Facebook и Twitter