ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип : Од 1ви Јуни покачена цената на водата

ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип : Никола Карев не најде за сходно да ги информира граѓаните за покачувањето на цената на водата

Почитувани, После покачувањето на цените на струјата, нафтените деривати, цените на прехрамбените производи и уште што ли не, во оваа низа на поскапување од 1ви Јуни се придодаде и покачувањето на цената на водата. Почитувани сограѓани, Иако поминаа 15тина дена откако ви беа доставени сметките за вода никој од надлежните во ЈКП Никола Карев не најде за сходно да Ве информира за покачувањето на цената на водата. Толку од транспарентноста на ЈКП и Локалната Самоуправа. Затоа би сакале да Ве информираме дека цената на водата со сметките за месец Јуни е покачена за 9 денари по m³ и тоа од 31,5 на 40,5 денари за физички лица односно за 10 денари по m³ и тоа од 50 на 60 денари за правни лица. Ова поскапување ќе ги удри граѓаните по џебот и ќе го оптовари дополнително нивниот скромен семеен буџет. А за транспарентноста и молчењето од страна на надлежните во ЈКП, кои впрочем треба да бидат ваш сервис и навремено да Ве информираат, оценете сами.

ОК  ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип

 

Сподели на Facebook и Twitter