По повод Светскиот ден на крводарителството – 14ти јуни, денес ОО Црвен Крст Пробиштип поддржана од општина Пробиштип, организираше настан за
доделување на плаќети на наши сограѓани крводарители, и тоа на:
Драги Серафимов, за над 130 пати,
Зоран Симоновски,
Горан Богоев,
Кирил Арсенов,
Сашо Аврамовски и
Јакимче Нацев, за 50 пати,
Влатко Радојковски, најмлад дарител со 100 дарувања крв.
Благодарност до нашите хумани сограѓани, за секоја капка крв што живот значи, честитки за Црвен Крст Пробиштип што и оваа година 17та година по ред го
исполнува и надминува предвидениот план за крводарителство, што секако е најголема заслуга на сите крводарители од нашата општина.
Продолжете и понатаму успешно да ја исполнувате оваа хумана мисија.
Општина Пробиштип