ЦИСТИ НА ЈАЈНИЦИ

Дијагностиката со помош на ЕХО е многу лесна, по потреба се вклучува анализа на хормоните, а тумор марќерот СА-15 се применува за докажување на постоење на малигни процеси.

        Д-р Ванче Какашевски

           Специјалист по гинекологија и акушерство

 

       Ц И С Т И  НА  Ј А Ј Н И Ц И 

 

Скоро и да нема жена која нема слушнато за циста на јајник и на која за време на  редовна рутинска контрола не и е дијагностицирана оваа состојба. 

Повеќето жени на ваквото сознание реагираат панично и уплашено иако најчесто се работи за безначајна состојба. 

Циста на јајникот претставува колекција како кеса, исполнета со течност.Најчесто се формираат во тек на овулацијата, односно исфрлањето на јајце клетката од фоликулот, кој е во форма на цистична творба.  

Ако не дојде до прскање на фоликулот тој останува како циста подолго или пократко време. 

Ова е најчестиот начин на создавање на цистите. 

Цистите се округли ќеси исполнети со течност и може да се најдат на многу органи, а кај јајникот се наоѓаат во самото негово ткиво. 

Кои се најчести типови на цисти: 

– фоликулна циста – секој месец се забележува фоликул со јајна клетка внатре која прска во плодните денови, а големината и е до 26мм. Таа претставува нормална појава во фертилниот период на жената и ако не прсне продолжува да расте и да опстојува некое време, но ретко останува трајно и нема симптоми.Обично ја снемува за неколку месеци 

– циста на жолтото тело – ако не дојде до собирање, односно дегенерација на жолтото тело, туку дојде до затворање, се полни со течност и се формира циста. Може да нарасне до 10 см, а може да доведе до болно утврдување на јајникот, често крварат, а обично ги снемува за неколку недели. 

-ендометриоми-цисти исполнети со темна густа течност од ендометриум, кога е поставен надвор од шуплината на матката, која нормално е обложена со ендометриум 

-дермоиди- тоа се вродени цисти кои не даваат симптоми 

(треба да се спомене дека дермоидите и ендометриомите се јавуваат исклучително ретко) 

-полицистични јајници- состојба за која темелно зборував во предходниот текст 

-цисти во рана бременост-како подршка на бременоста 

-цистаденоми-тие често се со жлездено потекло 

-малигни ( канцерогени) цисти – воглавно се јавуваат кај постари жени 

Можеме да заклучиме дека цистите на јајник најчесто се безопасни бенигни творби, кои ретко се јавуваат после менопауза, но ако се јават претставуваат поголем ризик од карцином. 

Цистите се дијагностицираат при редовни контроли, но и при појава на болка, надуеност, проблеми со крварење и мокрење. Инфекциите на јајниците понекогаш можат да предизвикаат цисти. 

Дијагностиката со помош на ЕХО е многу лесна, по потреба се вклучува анализа на хормоните, а тумор марќерот СА-15 се применува за докажување на постоење на малигни процеси.  

Препорачана контрола при цисти на јајници е 3-6 месеци. 

Во најчест случај цистите на јајник не бараат лечење. Оперативно отстранување се прави во ретки случаи, кога цистата е многу голема или има необични карактеристики, како задебелени и нерамни ѕидови, разнородна структура, кога предизвикува болка… 

Полицистичните јајници и ендометриозните цисти можат да доведат до потешкотии при забременување. 

Доколку јајниците често создават цисти може да се примени и хормонска терапија. 

 

 

Сподели на Facebook и Twitter