Д-р Ванче Какашевски
Специјалист по гинекологија и акушерство
Прекинувањето на бременоста воопшто не е лесна одлука за секоја жена. Сепак, доколку се одлучи на тој чекор, од пред 3,4 години на жените им се нуди можност за медикаментозен абортус, како алтернатив за хируршкиот абортус.
Овој допис ни случајно се го сфаќајте како реклама, бидејки ние докторите, првенствено се обидуваме да влијаеме на донесување одлука за задржување на бременоста. Но доколку девојката или жената донела конечна одлука на која не можеме да влијаеме да се промени, а секоја полнолетна жена има право на избор, наша обврска е да укажеме и на оваа можност, медикаментозен абортус, како алтернатива на до сега познатата киретажа.
Условите за примена на ваквиот начин на абортус се нешто построги во однос на хируршкиот и барат жените да се здрави, да немаат проблеми со коагулација на крвта, проблеми со чир на желудникот, да немаат тешки кардиоваскуларни болести, тежок облик на астма и сл.
Овој третман се врши до 7-мата гестациска недела, бидејки нема доказ за ефикасност по тој период.
Напоменувам дека 7 недели бременост значи 7 недели од првиот ден на последната менструација или 7 недели мерени со ЕХО, а не на начин како што сметаат некои жени.
Компликации се можни кај 3-5% што статистички е помал процент од хируршките абортуси, каде се 15%. Исто така и заштитата на репродуктивните органи е поголема, во смисла на нормална бременост во иднина.
Процедурата се изведува на следниот начин:
Жената доаѓа кај гинекологот, па по дијагностичките процедури се ординира лекот кој е антипрогестерон, односно антихормон. По два дена се ординираат таблетите за исфрлање на плодот ( за сите детали, совети и насоки потребно е континуирано следење од страна на лекар).
Крварењето обично трае 10 дена и ретко кога е толку обилно да мора да се пристапи кон инструментална киретажа за негово запирање.
Овие медикаменти не можат да се најдат во слободна продажба во аптеките, туку ги испорачува гинекологот, заедно со комплетното упатство и изведување на процедурата.
Одлуката за бременост е право на секоја жена, а единствен начин да се избегне абортусот е нејзинат подобра едукација.